За елиминацијата на Новак Ѓоковиќ од 2. коло на Австралија опен свое видување имаше и неговиот поранешен тренер Борис Бекер.
– Цело време изгледаше многу ноншалантно на теренот. Тој Новак јас не го познавам! Повеќе би сакал да го видам како го крши рекетот, ја кине маицата, да покаже некаква емоција. Не е срамно да се загуби натпревар. Се случувале порази од Мареј, Надал или Варвинка во финалето на Отвореното првенство на САД. Од такви играчи може да се загуби. Дури и кога Ѓоковиќ игра добро, може да загуби. Но, не и од Денис Истомин! Ѓоковиќ не е повреден, водеше со 2-1 по сетови. Сето она што се случувало на тој меч беше необично и не се вклопува во сликата која јас ја имам за Ѓоковиќ – изјави Бекер за „Њујорк тајмс“.
Германецот објасни зошто е прекината соработката.
– Во вториот дел од минатата година приоритетите на Ѓоковиќ станаа поинакви и тој сам го призна тоа. Тоа за мене беше главната причина зошто ја прекинав соработката. Почувстував дека мојата работа веќе не е толку важна. Во мечот со Истомин кај него видов недостаток на волја и желба да се победи – додаде Бекер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.