| четврток, 6 декември 2018 |

Вo Струмица снег до колена, Заев чисти во Арачиново

Зоран Заев ги направи струмичани граѓани од втор ред, истакнаа на денешната прес-конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица. Според нив, Заев наместо да ги чисти од снег улиците во Струмица, ја пратил механизацијата во Арачиново.

– Неговата грижа за Струмица кулминираше со тоа што додека Струмица и струмичките села се затрупани со снег и неисчистен смет со месеци, тој нашата механизација ја однесе во Арачиново, за да им удоволи на арачиновци, рече Даниела Стоилова Кечева од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, Струмица е во хаос од неисчистениот снег на улиците и од лизгавите тротоари.

– Тој не се грижи за фактот дека брзата помош не може да стаса до отсечените села во Струмица, а тоа може да чини нечиј живот, додаде Стоилова Кечева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top