Oпштинската зграда на Ѓорче Петров ќе биде пуштена во употреба во првата половина од 2017 година. Таа е сместена во новиот модерен трговски и бизнис центар Емпорио.
-На терен во моментов привршува изведбата на стаклената фасада, по што ќе следуваат и ентериерните завршни работи. Седиштето на општината ќе се простира на површина од 3.600 метри квадратни и истото се гради по пат на јавно-приватно партнерство.Покрај идеалните услови за работа ќе се обезбеди и брза услуга на граѓаните со обезбедување на едношалтерски систем“ изјави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.
Трговскиот и бизнис центар Емпорио се гради преку јавно приватно партнерство, меѓулокалната самоуправа и градежната фирма Трансмет, откако тоа е регулирано со зкаон пред пет години. Целиот центар ,ќе се протега на површина од 30 илијади квадратни метри, а во него ќе биде сместена и општинската зграда. Вкупната инвестиција е 30 милиони евра.
Ќе биде на шест нивоа, и две подземни, а трговскиот ќе се протега а три нивоа. Ќе има паркинг за 350 возила, конгресна сала, сала за венчавки и свадби, фитнес центар, ќе бидат отворени околу 40 продавници, на жителите од општната ќе им бидат достапни и брендови кои досега ги немале. Бизнис центарот пак кој ќе биде со големина од 6.000 квадратни метри ќе биде прв во земјава кои ќе ги обслужува ит компаниите. Ќе има 200 индирекни и 20 дирекни вработувања. Првиот човек на општината Митревски, очекува овој модерен центар да биде пример и да привлече уште повеќе инвеститори во општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.