Изминатите години, а посебно последните две години, сите ние бевме сведоци на грубо уривање на институциите на државата, одземање на суверенитетот од рацете на граѓаните на Република Македонија кои се носители на истиот. Бевме сведоци на насилие во нашето општество. Гледавме како физички се напаѓаат институции, физички се напаѓааприпадницита на полицијата, беше уништен и запален државен имот, поточно, народната канцеларија на претседателот на државата. Бевме сведоци на напад на нашата држава вокумановската населба „Диво насеље“. Гледаме како се гази врз волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија. Сведоци сме како се узурпира целиот граѓански сектор и истиот беше искористен и инструиран во полза на политичка партија што е недозволиво и е надвор од принципите на секакво граѓанско организирање.
Фондацијата „Отворено општество“, која е под капата на СОРОС стоеше директно зад сите насилни процеси во Република Македонија, со финансии и со кадар. Фондацијата отворено општество создаде монопол во граѓанскиот сектор кој е окупиран и во истиот нема место за организации и движења кои не се согласни со идеологијата на Сорос. Вограѓанскиот сектор беше прегазен плурализмот и завладеа тоталитарно едноумие. Фондацијата на Сорос која во себе носи радикална левичарска и тоталитаристичка идеологија, сака да брише идентитети, држави, народи и нации, посакува т.н. „отвореноопштество“ со кое ќе управува некој од надвор, делува кон неконтролирано пропуштање на мигрантскиот бран од Блискиот Исток кој не очекува наредниот период. Со тоа сериозно јазагрозува безбедноста на нашата држава преку своето делување.
Повикани од демократските вредности, плурализмот, правото на слобода на говор и изразување, еднаквоста, правдољубието и љубовта кон нашата држава Република Македонија, тежнееме да бидеме првиот зрак од кој ќе произлезат вистинските вредностиво граѓанското општество. Ги повикуваме сите слободоумни и правдољубиви граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, вера, пол или политичко убедување, но со јасноизразени демократски вредности, да ни се приклучат во борбата против едноумието во граѓанскиот сектор осмислено и предводено од Џорџ Сорос.
Водени од максимата „не прашувај што државата направила за тебе туку што ти си направил за државата“, се собравме во Иницијативен одбор за формирање на граѓанското движење „Стоп операција Сорос“ преку кое во наредниот период ќе го иницираме и ќе дадеме придонес во процесот на десоросоизацијата во Република Македонија.
Авторот е член на Иницијативниот одбор за формирање граѓанско движење „Стоп операција Сорос“
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.