Минатото на германската канцеларка Ангела Меркел е во фокусот на интересот на германската јавност откако во неколку наврати беше посочена дека била „лојален комунист“ и поддржувач на тогашниот режим. Сите обвинувања Меркел ги отфрли како невистинити, но тамошните медиуми дојдоа до фотографија на која Меркел е во воена униформа. Сликата е направена во 1972 година кога канцеларката имала само 17 години. На фотографијата се гледа како таа весело маршира за време на воена вежба на цивилната одбрана.
Фотографијата ја отстапила за медиумите нејзината училишна другарка Соња Фесберг (58) која објаснила дека вежбите за цивилната одбрана биле задолжителни и дека на нив се учела прва помош и подготовки за евентуален нуклеарен напад.
И покрај обвинувањата дека била блиска со комунистичкиот режим во нејзината младост, Меркел и нејзината демохристијанска партија имаат зголемена популарност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


