Во третото коло на Светското првенство во ракомет, македонската ракометна репрезентација загуби од селекцијата на Словенија со 29-22. Одбраната на „змајчеки“ беше таа што го одлучи победникот, на најдобар поединец на теренот беше токму голманот Матевж Скок кој запиша 18 одбрани.
– Игравме одлична одбрана и затоа го добивме натпреварот. Мислам дека одбраната на Лазаров добро ја проучивме, секое негово движење го анализиравме и пак ни даде многу голови. Но мислам дека колективната игра во одбрана беше големо олеснување за нас и клучот за победата против одличната Македонија – изјави по мечот словенечкиот репрезентативен голман
Нашата ракометна селекција в среда во претпоследното коло од ова Светско првенство ќе се сретне со фаворитот Шпанија, додека наредниот ден ќе се соочи со селекцијата на Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.