Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија во рамки на 3. коло на Светското првенство (СП) кое се игра во Франција (29-22), а капитенот Кире Лазаров е незадоволен од изданието на нашиот тим. Најдобриот ракометар вели дека пораз е пораз, без разлика каков е, и дека ова издание на некој начин нè освестило од првите две победи над Ангола и Тунис.
– Можеби е малку глупаво, но пораз е пораз, дали со еден дали со десет гола. Двата бода одат кај Словенија. Можеби е подобро што загубивме со голема разлика. Да се освестиме сега, тоа ни останува. Промашувавме зицери, дојдоа на осетна разлика Словенците, а ние бркавме резултат. Така го загубивме натпреварот. Можевме да парираме, но ете, им честитам. Но, ништо не е загубено, одиме напред, малку да се одмориме и да се смириме од се. Треба позитивно да гледаме на работите. Малку нè зафати македонската еуфорија. Најдоброто од нас уште не е покажано. Ние сме уште во игра за подобри резултати, има уште натпревари – изјави Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.