| четврток, 6 декември 2018 |

Божествениот Луцифер

Роден на: 12 август 1930 година

Националност: Евреин-нацист

Политичка определба: комунист-соросоид

 

Mилијардерот Џорџ Сорос е личност која го осакати векот. Волк во јагнешка кожа, филантроп кој го покорува светот со фашистички методи.

Неговите дела се чудовишни до нестварност, а ликот извитоперен до митски граници. Оние кои не го почувствувале на својата кожа, ако останаа такви, веруваат дека тој е замислениот негативец во кого се вперува прст, зашто некој едноставно мора да биде виновен. Но, Луцифер постои во човечки облик, има 86 години и комплекс на божество. Тој е разгаленото детиште кое е навикнато да тера по свое, а кога светот не му е наклонет, плаќа за да остане во игра. А кога парите нема да му ја задоволат страста – ги вклучува соросоидите.

Неговата војна не е крвава, но е болна, како ракот. Го разјадува системот однатре, создава паразити, соросоиди, а  соросоидите со многу пари стануваат многу гласни. Така ткивото се самоуништува, паразитите ждерат, а Сорос со храни со своите фантазии дека е Бог.

Откако апсолвиравме дека злото има човечки лик, да го погледнеме преку македонското огледало. Во него ќе ги видиме гласните Милчин, Героски, Хелсиншки, цела армија НВО, од борци за правата на тревките и пеперутките, до борци за човекови права, сите впрегнати во исто рало, со полни мегафони со горчиливи бомбони.

„Невладините организации во Македонија Сорос ги направи модерна армија. Денес битката не е со пушки и со пиштоли како пред 100 години, туку со НВО, корумпирани медиуми и новинари и со влијание на моќни странски медиуми и моќни странски влади за да нивните политики кон една земја ги насочат во правец на неговите цели. Тоа е реалноста и, за жал, така дејствува Сорос. И тогаш те прават што сакаат. Те гмечат, те случат како тесто. Ќе те направат и криминалец, и крадец, и предавник, и идиот, и неспособен, и монструм, сѐ што ќе наумат. Па, оди после ти излези на избори. Ќе ти измислат триста афери, купишта лаги и дезинформации, едно зборуваш, друго се пренесува итн.“, пластично објаснува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мегаинтервјуто за Република.

Пред Нова година, Сорос објави колумна со која на светот му ги честита празниците со зборовите „Ова не е време на нормална состојба. Ви посакувам сè најдобро во светот оптоварен со проблеми.“

Да, светот е навистина оптоварен, но оптоварен е со гневот на разгалениот мегаломанскиот политички манипулатор кого процените го издадо. Милионите ги вложи во губитникот и ја загуби Америка. Ситните пари го вложи во Заев и остана и без трошната Македонија. Сорос останува и без ЕУ. Германија веќе не му е симпатична, а Русија одамна не игра на неговата мелодија. Затоа, Сорос вели демократијата е во криза.

„Отворените општества се во криза, а различни форми на затворени општества, од фашистички диктаторства до мафијашки држави, се во подем. Како можеше тоа да се случи? Единственото објаснување што можам да го најдам е дека избраните лидери не успеале да ги исполнат легитимните очекувања и аспирации на гласачите и дека таквиот неуспех довел до разочарување на електоратите од преовладувачките верзии на демократија и капитализам. Многу едноставно, многу луѓе се чувствуваат како елитите да им ја украле нивната демократија.

Единствениот грев на избраните лидери е што лидерите ги избрале националните интереси, а не интересите на божествениот Луцифер. Македонските граѓани деветпати гласаат за истата опција, сигурно деветпати не погрешиле во изборот.

„Неговата фондација и според финансиски и според кадровски потенцијал е најмоќна фондација во светот која има политички цели. Сорос решил своето богатство да го употреби за да остварува влијание во две насоки – идеолошко кон создавање т.н. отворени општества и финансиско преку шпекулации и однапред познати политички исходи во одредени земји за да профитира на берзата.

По некое време, цели институции, цели министерства, можеби, и цели влади и нивни разузнавачки агенции се инфицирани со неговите гледишта, со неговата идеологија, со неговиот поглед и цели. Дополнително, и самите тие си наоѓаат некој дополнителен интерес од таквото дејствување и тераат со сите сили, а ние тука разговараме за Заев или за СДСМ… Каков Заев, какви бакрачи…“, објаснува Груевски, чијашто партија 25 годни работи под товарот на гневот на луцидниот Луцифер.


Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 229 број на неделникот Република, кој излезе од печат на 13 јануари 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top