МЗТ Скопје ја декласираше екипата на Задар во рамки од 18. коло од АБА лигата, а центарот Џош Скот доби признание и се најде во најдобрата петорка на колото. Покрај него место најде и Кендрик Пери, кој со 20 поени беше најзаслужен за победата на Карпош Соколи над Цибона.
Американскиот кошаркар ја предводеше екипата на МЗТ со 18 поени, 7 скока и 3 асистенции. Покрај нив во екипата се најдоа уште Лука Бабиќ (Цедевита) кој воедно беше МВП на колото, Ентони Болден (ФМП) и Ламонт Џонс (Морнар).
Натпреварите во АБА лигата продолжуваат овој викенд кога се игра и македонското дерби помеѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.