| четврток, 6 декември 2018 |

Вујовиќ: Лино или го сакаш или не, натпреварот ќе биде интересен за гледање

vujo

Спортот е таков што за жал Вујо ќе биде на клупата на Словенија, а не на клупата на Македонија, вели екс тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ, сегашен селектор на Словенија, репрезентација која во понеделник ќе се сретне со Македонија во рамки на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Франција.

– На клупата на Македонија седи еден извонреден стручњак. Знаете какви беа тие класико дуели кога јас бев тренер на Вардар, а Лино на Металург. Со Лино не можеш да бидеш рамнодушен или го сакаш или не го сакаш. Таков каков што е направи добар резултат. Основната цел на Македонија беше да се победи Тунис. Кој и да изгуби во нашиот меѓусебен дуел и понатаму останува со шанса да помине во втора фаза и да биде добро пласиран на конечната табела, вели Вујовиќ кој додава дека ќе биде интересен натпревар за гледање.

Тој вели дека е свесен дека Македонија игра добра одбрана и неговата идеја е двете репрезентации да се надигруваат и да одиграат цврст натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top