| четврток, 6 декември 2018 |

Над 30 лица загинаа при бунт во бразилски затвор

zatvor

Најмалку 30 лица загинаа при судири во затворот „Алкасус“ во северната бразилска сојузна држава Рио Гранде до Норте, соопшти претставник на полицијата. ­

Веројатно има повеќе од 30 загинати во бунтот во затворот во североисточниот град Натал, соопшти претставник на локалните безбедносни власти.

Координаторот на бразилскиот затворски систем, Земилтон Силва во изјава за весникот „Фоља де Сао Паоло“ тврди дека најмалку тројца од загинатите биле обезглавени. Според него, судирите започнале како пресметка меѓу припадници на две ривалски криминални групи, кои презеле контрола врз делови од затворот.

Во затворот „Алкасус“ казна отслужуваат 1.083 затвореници, иако неговиот капацитет е за само 620 лица. Во 2015 година во овој затвор беше организиран бунт на затворениците во знак на протест поради пренатрупаност.

На 1 јануари годинава во бунт во затвор во бразилската сојузна држава Амазонас загинаа 56 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top