| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков: Повредата е минато, сега е полесно и одиме на уште победи

makedonija rakomet 3

Дваесетина минути им беа потребни на нашите ракометари за да влезат во својот препознатлив ритам, да создадат солидна предност и да ја совладаат селекцијата на Ангола. Ваквиот развој на настаните им овозможи на „црвено-жолтите“ да сочуваат дел од силите за понеделничкиот дуел против силната Словенија.

– Имавме повторно одредени промашувања, падови на концентрација, но најважно е што се се заврши онака како што посакувавме. Се надевам дека сите тие грешки и промашувања ги оставивме зад себе, бидејќи најважните предизвици доаѓаат допрва за нас. Сега ќе биде полесно, одиме понатаму и без дополнителен притисок ќе се обидеме да оствариме уште некоја победа и да стигнеме до уште подобар пласман во групата – истакна Манасков.

Настапот на левото крило беше неизвесен, но Манасков сепак стисна заби и настапи на денешниот натпревар.

– Голема благодарност до физиотерапевтите со кои работев напорно во изминатите 24 часа, кои завршија одлична работа и ми помогнаа да бидам во состојба да настапам денеска – изјави играчот на бундеслигашот Рајн Некар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top