| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија подобра од Турција во Сан Марино

Македонската Дејвис Куп репрезентација забележа мошне значајна победа над Турција од 2-0, во првото коло од фазата по групи во Сан Марино. Турнирот се игра во рамките на третата европска зона што е најнизок ранг на натпревари.

Нашиот најискусен тенисер во составот, Предраг Русевски, најави триумф, откако во премиерниот меч со 7-5,6-2 го совлада Чем Илкел.

По него и Шендрит Деари славеше против Анил Јуксел  со 7-5,6-4, со што и теоретски Македонија ја осигура победата.

Следни противници во Д групата ќе ни бидат Азербејџан и Албанија, во битката за полуфинале на турнирот, што потоа ни носи клучен дуел за пласман во втората евро-африканска зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top