На Германија, Русија, Данска и Франција кои четвртфиналето на СП го обезбедија во неделата од синоќа им се приклучија и Шпанија, Словенија, Хрватска и Унгарија. Домаќинот ја демолира Србија со 31-20 и во следниот круг се среќава со Германија која предходно не елиминира нас, а Словенците беа подобри со Египет со 31-26 со што си обезбедија меч против Русија.
Без многу мака и преку Белорусија (33-24) Хрватска просперираше меѓу осумте најдобри на мундијалот со што ја состави најатрактивната двојка за четвртфиналето. Коцкестите ќе се сретнат со Франција во своевидна реприза од неколку финални средби од големите натпреварувања во последната декада. Најмногу незивесност и борба донесе натпреварот на два великана на светската ракометна сцена иако на крајот Унгарија обезбеди убедлива победа од 27-19 против Полска. Унгарците во новиот елиминациски филтер одат на Европскиот првак Данска.
СП РАКОМЕТ-1/8 ФИНАЛЕ
ШПАНИЈА-СРБИЈА 31-20
СЛОВЕНИЈА-ЕГИПЕТ 31-26
ХРВАТСКА-БЕЛОРУСИЈА 33-24
УНГАРИЈА-ПОЛСКА 27-19
МАКЕДОНИЈА-ГЕРМАНИЈА 23-28
РУСИЈА-БРАЗИЛ 27-26
ДАНСКА-ТУНИС 30-23
ФРАНЦИЈА-ИСЛАНД 30-28
СРЕДА: 23 ЈАНУАРИ-1/4 ФИНАЛЕ
СЛОВЕНИЈA-РУСИЈА (18.15)
ШПАНИЈА-ГЕРМАНИЈА (19.00)
УНГАРИЈА-ДАНСКА (20.45)
ХРВАТСКА-ФРАНЦИЈА (21.30)
Петок: 25 јануари: 1/2 финале
Сабота 26 јануари: меч за 3 место
Недела: 27 јануари: финале
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.