Исланѓаните и без Арон Палмарсон во своите редови успеаја да одиграат фантастични 30 минути, што сепак беше недоволно за позитивен резултат против моќен ривал како што е „црвената фурија“.
Балагуер со четири гола од исто толку обиди беше главна фигура кај Шпанија, а исто толку погодоци, но од седум шутеви, постигна Канељас. Кај Исланд најефикасен беше Сигурдсон со пет гола. Перез де Варгас имаше 11 одбрани на голот на Шпанија, наспроти 13 на Густавсон.
Исланд во првиот натпревар што ќе биде на програмата в сабота (14.45 часот) ќе се сретне со Словенија, по што Шпанија ќе ги одмери силите со Тунис (17.45 часот). Третиот натпревар в сабота е оној најважниот за нас, во кој Македонија ќе брка победа против Ангола што би ги одвела „црвено-жолтите” на чекор до осминафинале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето