Зоран Заев побара одложување на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ поради тоа што имал неодложна средба со камин на дрва, соопштија Зоран Заев и неговиот тим адвокати.
По 17-те одложувања поради средби на Заев со портири, шофери и со кафе-кувари на странски амбасади, денешното одложување е прво поради средба со грејно тело.
„Лидерот Зоран Заев на опозицијата што е значи, денес за голема жал не можеше да дојде на судење бидејќи имаше неодложна средба со камин од типот на дрва, којшто, како што знаеме, значи согорува и грее со помош на оган, што е оганот на слободата и олимпијадата“, соопшти Зоран Заев.
„Оваа неодложна средба беше закажана затоа што нели е поларен студ и многу е ладно, па каминот на дрва побара средба со Зоран Заев да поразговараат за студот и да се понуде да биде од некаква корист“, додаде Заев.
Каминот на дрва бил намонтиран во домот на Заеви, каде што и ќе се одржи средбата.
„Со камино очекувам Заев да разговара за многу теми, како, на пример, дали може да се чаде виршла на камин за да е повкусна, па чорапи колку високо над камино може да се стават за да се исушат, а да не се направе корка и да се сокршат после, па чушки дали може да се печат на камин и други важни државнички работи“, вели поранешниот струмички градоначалник.
Судот ѝ го презентираше на јавноста и стенограмот од изјавата на Заев со која бара одложување на рочиштето за друг пат:
„Јас судијо поштована, што сте значи јас сум Зоран Заев, лидер на опозицијата и сакам да се соочам со правдата, ама што да правам, ангажиран и баран човек сум. Ете денес тамам си реков ќе дојдам и ќе го објаснам случајо „Поткуп“, ама од работни обврски не можам да стигнам. Камино на дрва ми се јаве и ми рече аман-заман Зоран морам да те видам да поразговараме за нешто важно сега во студо. Е кога му реков јас, камину да се видејме, оти на суд треба да одам, ти за студ ја за суд, пошегував се со камино. Ама тој не разбире шала и ми вели Епа Зоки, кога си на суд, значи ме питува камино и ја му кажав дека сум во дванајсе. Еми во дванајсе и пет обавезно да се видејме! ми рече камино и шо да праам са, не е да му откаже човек, сепак се работи за камин на дрва кој шо грее и дава живот во вселената и слободата оганот што е значи потекнува од камин како што знаеме и сонцето е настанало од камин, односно вселената е еден голем камин, а сонцето нејзин оган, па јас како Прометеј што го украде огно и сакавме затоа да го урнеме со Шарената револуција не смеам некој да го украде огно и морав да го чувам и затоа не можам денес да бидам на судење“, изјавил Заев пред судот.
На ова барање на Заев судот покажал големо разбирање и го закажал наредното рочиште на датум „здравје, ќе се чуеме и ќе се договориме“, како што стои во записникот.
Заев изјави дека ова е уште едно прекрасно одважување на судот кој е вмровски и тенденциозно сака да му штети, односно дека е голем чекор кога судот ќе покаже разбирање за борците за правда како Заев кои не се соочуваат со правдата не по своја вина, туку од објективни причини. Заев вети дека кога ќе се ослободи од обврски, ќе се јави кај судијата „да пијат една мастика и салатка“, како што рече, при што ќе се договорат кога ќе се одржи наредното рочиште „здравје боже, само да сме живи и здрави“.
Веднаш потоа влезе во својот „мерцедес“ и замина на средба со каминот. Детали од средбата ќе бидат соопштени подоцна. Она што е сигурно е дека случајот на крај ќе биде пепел.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.