| четврток, 6 декември 2018 |

Фуриозно отворање на Мундијалот: Франција го прегази Бразил

karabat

Во премиерниот меч на Светското првенство, домаќинот оствари уверлив триумф од 31-16, и со тоа на маестрален начин ја започна одбраната на титулата.

Уште во почетните минути, „триколорите” ставија до знаење на јужноамериканската селекција дека нема што да бара. На голот го имаа неверојатниот Тјери Омеје кој за само едно полувреме оствари маестрални 15 одбрани. За тие 30 минути, Французите направија предност од 17-7.

Во вториот дел, шанса доби и вториот голман Винсен Жерар, а очекувано Франција влезе далеку поопуштено. И покрај тој податок, Французите со секој нареден напад создаваа сè поголема предност. Така, на две минути пред крај поведоа и со 30:15.

На крајот конечни 31-16 за убедлив почеток на Мундијалот за домаќинот и први два бода во групата А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top