Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди, објави дека неговата сопруга Ребека се породила и на свет донела уште едно дете.
– Пресреќни сме што се роди нашето прекрасно момче во саботата вечерта. Мајката и бебето се чувствуваат одлично, напишал англискиот фудбалер на „Твитер“.
Ова е нивно второ заедничко дете. Парот веќе ја има двегодишната ќерка Софија, но и двајцата имаат деца од претходните врски. Ребека ја има ќерката Меган (11) и синот Тејлор (6) од претходните момчиња, додека Џејми со некогашната девојка ја доби ќерката Ела, којашто сега има шест години.
Ребека инаку важи за една од најконтроверзните жени на фудбалери која често наидува на осуди од страна на британската јавност поради своето бурно минато. Сепак, откако таа го запознала Варди, се чини дека потполно е променета и сега се обидува да изгради репутација на вистинска и примерна домаќинка.
Сепак, сосема својствено и во нејзин стил, минатиот месец таа објави свои разголени фотографии во поодмината бременост, после што повторно предизвика осудувања од страна на јавноста и тврдења дека не може да се промени и да биде мајка којашто нема да предизвикува скандали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.