Снежниот фестивал „Харбин ајс сноу“ ( Harbin Ice Snow) претставува мала зимска бајка во која дефинитивно ужива секој посетител.
Она што го прави посебен овој фестивал е што цел еден град се прави само од мраз.Фестивалот првпат се одржал во 1985-та година, а оттогаш па навака, секоја година се одвива во Харбин, еден од најстудените региони во Кина.Мразот обично се собира близу реката Сунгари која поминува низ самиот град и од неа се прават најубавите скулптури.
Оваа година главна атракција е замрзнатиот дворец висок 26 метри, составен од илјадници коцки мраз тешки 250 килограми.
Овој замрзнат дворец брои 20 катови, на кои се протегаат неколку десетици соби и оддели.
Покрај него, по 30ти пат сите посетители на овој фестивал ќе имаат можност да уживаат во снежните фигури изработени со голема прецизност и внимание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.