| четврток, 6 декември 2018 |

Пробиен патот до велешките села Сливник и Клуковец

Во Велешко денеска беше пробиен патот до селата Сливник и Клуковец.

Центарот за управување со кризи информира дека патиштата во Велешко ги чистат механизирани екипи на барање на локалната власт, која ги ангажира. Во Велешко непроодни се уште три села: Рудник, Лугунци и Ветерско и сите се лоцирани над езерото „Младост“.

Орце Николовски од службата за информирање на општина Велес соопшти дека до нив води непрооден и неасфалтиран пат.

– Не знаеме кога ќе биде исчистен патот до нив. Исчистени се сите села во Велешко до кои води асфалтен пат, а денеска беа исчистени патиштата и до селата Сливник и Клуковец, информира Николовски.

Тој истакна дека се во постојан контакт со малкуте жители на овие три велешки села.

– Во случај на итни потреби од храна, огрев, медицинска помош и слично ние веднаш интервенираме до нив, заедно со екипи на Општинскиот Црвен крст, информира Николовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top