Свој збор пред заминувањето на СП во Франција даде и повратникот во националниот состав, Филип Миркуловски. Популарниот „жути“ вели дека треба Македонија да ја игра својата игра на СП, без притисок, особено во првиот натпревар против Тунис кој е наш стар должник и кој ни ги одзема Олимписките игри во 2016 година во Рио.
– Пропуштив дел од подготовките во Маврово, но треба да сме задоволни како сме подготвени. Патуваме на СП без притисок, треба само да ја играме нашата игра. Досега на ситеа СП и ЕП беше цел да ја пројдеме групата, така останува и ова првенство. Имаме големи промени и доста дебитанти и млади играчи, ние поискусните не би требало да чувствуваме притисок околу тоа. Напротив, треба да играме едно поопуштено СП, со една добра тимска игра и тимска хемија да градиме резултат. Првиот натпревар против Тунис е доста важен, знаеме кои се Тунижаните, ни ги одземаа Олимписките игри. Имаме посебни мотиви против нив – изјави Миркуловски.
Првиот натпревар на СП нашата селекција го игра на 12 јануари од 17.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.