| четврток, 6 декември 2018 |

Челси, јунајтед и Сити чекаат во ред за ѕвездата на Монако

bakajoko

Жозе Мурињо е загреан за услугите на младата ѕвезда на екипата на Монако, Тиемује Бакајоко. Португалецот сака да ја зацврсти средината со францускиот младински репрезентативец, по можност уште во јануарскиот преоден рок.

Неговите одлични перформанси во дресот на француската екипа го привлече вниманието на англиските гиганти. Покрај Јунајтед, за неговиот потпис се заинтересирани Манчестер Сити и Челзи.

Потенцијалните трансфери на Морган Шнајдерлин и Мемфис Депај и неиграњето на Бастијан Швајнштајгер отвараат место за младиот француски фудбалер во средниот ред на „црвените ѓаволи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top