Во последните неколку недели во многу продавници и трговски синџири во светот се запленети три тони лажен ориз, од кој најголемото количество доаѓа од Лаос.
Се работи за ориз од луксузната сорта „вучанг“, кој се продава во кинески продавници, а кој е изработен од мешавина на компирово брашно, синтетичка смола и најлон, а во смесата се додава и арома за да има вкус на вистински ориз.
За да бидете сигурни дека сте купиле вистински ориз, постојат неколку едноставни методи со помош на кои можете да проверите.
Тест со вода
Во чаша вода ставете лажица суров ориз. Ако потоне, можете да го јадете, а ако остане на површината, пријавете го.
Тест со оган
Запалете малку ориз, а по мирисот ќе познаете дали има пластика или е вистински.
Аван
Ставете го во аван и истолчете го. Ако правта е бела, оризот е добар, а ако е жолтеникава, фрлете го.
Тест со мувла
Ставете ориз во еден сад, заатворете го херметички и оставете го на топло место. Ако е вистински, оризот за неколку дена ќе фати мувла. Ако не мулоса, не е добар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.