На социјалните мрежи се појави фотографија од пожарникар од нишката бригада кој беше херој на денот вчера. Тој не само што ги спасуваше луѓето завеани во снегот на автопатот кај Ниш, кои поради верижниот судир со часови беа заглавени на завеаниот пат, туку во ниту еден момент не се откажа, дури и кога од студот му замрзнаа дури и трепките.
Името на српскиот херојот не е објавено, но синдикатот на пожарникарите најавил дека ќе објави подетална приказна за него.
Jedan od nekoliko današnjih heroja!
Vatrogasac-spasilac iz Niša posle celodnevnog spasavanja zavejanih ljudi na auto-putu!
Šta reći za ovo? pic.twitter.com/Zjx13X9Q1B— Razbijač Predrasuda (@Razbijach) January 6, 2017
Поради лошите временски услови на сила е забрана за сообраќај на автобуси, камиони со приколка и шлепери на неколку места во Србија – на автопатот Алексинац – Ниш, Ниш – Лесковац и Ниш – Димитровград.
Снегот и снежите наноси на некои места на локалните патишта во Србија достигнувапе и до два метри, а ситуацијата дополнително ја отежна верижниот судир на 30 возила на влезот во Ниш, поради што се создаде колона, а возилата со часови беа заглавени во снегот кој ги трупаше.
Во извлекувањето на луѓето од заглавените автомобили на автопатот кај Ниш учествуваше и српската Жандармерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.