На јавниот конкурс за амбасадори и генерални конзули објавен од страна на владата, досега се пријавиле 15 граѓани. Најатрактивни локации се амбасадата во Берлин Германија и другите светски центри.
Според портпаролот на владата досега се примени апликации за Берлин, Вашингтон, Москва, Бразилија, Атина, Белград, Киев и постојаната мисија на РМ во Њујорк.
Владиниот портпарол Александар Георгиев апелира до сите заинтересирани да размислат за оваа можност затоа што според него секој граѓанин ќе има еднаква можност да биде избран за една од јавно објавените позиции во дипломатијата или во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


