| четврток, 6 декември 2018 |

Нема разумен компромис во СДСМ , сите сакаат да бидат претседател

Само деведесет минути беа доволни  на Бихаќка да падне договор дека нема договор меѓу тројцата кандидати за усогласување на програмите откако беше најавено дека вечерва извршениот одбор ќе реши колку кандидати за лидер ќе се појават формално на конгресот

Претходниве денови  Заев, Ивановски и Јовановски на интензивни средби и преговори а беа и на консултации со лидерот Црвенковски.

Од партијата, како што рекоа, се надеваа на конкретен договор, поради сличноста на програмскиот концепт на тројцата кандидати за претседател  на СДСМ, бидејќи така би се намалил бројот на кандидатите.

Освен тројката  во трката за лидер останува и Кире Наумов, а за кандидатурата на Црвенковски иако се поголем број на луѓе зборуваат дека тој нема да се кандидира сеуште официјално  се молчи во партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top