Претседателот на Алијансата за иднина на Косово и поранешниот хашки обвинет Рамуш Харадинај е уапсен денеска во Франција по потерница од Србија, потврди неговото семејство за косовски медиуми. Апсењето на Харадинај го потврдил и портпаролот на Алијансата за иднина на Косово.
Косовски медиуми јавија дека Харадинај е уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена од Србија и дека се наоѓа во притвор во Франција. Србија го обвинува Харадинај за убиства и тешки злосторства на Косово за време на 1998 и 1999 година. Хашкиот суд го ослободи Харадинај од обвиненијата за воени злосторства во 2012 година.
Рамуш Харадинај е поранешен лидер на Ослободителната војска на Косово (УЧК) и бивш косовски премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна договор во Брисел: Нема размена на територии меѓу Косово и Србија
-
Швајцарски „Ноје Цирихер Цајтунг“: Како поранешниот косовски воен лидер Харадинај стекна толку големо богатство?
-
Харадинај: Ако Собранието го укине Специјалниот суд, Владата ќе го почитува тоа
-
Дачиќ: Ќе му се извиниме на Харадинај ако не добива редовно ручек во затвор