| четврток, 6 декември 2018 |

Романија денеска добива нова влада

Владејачката Социјалдемократска партија (ПСД), која победи на парламентарните избори на 11 декември во Романија ги именуваше министрите во владата на мандатарот Сорин Гриндeану, а Парламентот денеска треба да го потврди нивниот избор.

– Тоа е влада составена од луѓе со искуство, стручно знаење и работна етика, потребни за да се примени зацртаната програма, изјави лидерот на ПСД, Ливиу Драгне.

На Шевил Шајде, кoја партијата првобитно ја именуваше за мандатар, што претседателот на Романија Клаус Јоханис го одби и е понудено местото заменик-премиер и министер за регионален развој.

За министер за надворешни работи е именуван 75-годишниот Теодор Меласкану, кој влегол во Министерството во текот на комунистичката ера. Меласкану беше министер за надворешни работи од 1992 до 1996 година, а неколку дена и во 2014 година. Тој исто така беше на чело на романската надворешно-политичка агенција.

Во владата меѓу останататите ќе биде и долгогодишниот пратеник Виорел Стефан, кој е на чело на Министерството за финансии, а на чело на Министерството за правда е именуван левичарскиот пратеник Флорин Иордаке.

За министер за труд е предложена Лиа Олгута Василеску, против која минатата година е покренато обвинение за корупција и злоупотреба на позицијата со цел присвојување и перење пари.

Партија на Гриндеану освои убедлива победа на изборите на 11 декември и заедно со коалицискиот партнер АЛДЕ има 250 од вкупно 465 пратенички места во двата дома на Парламентот.

Претседателот Јоханис на 30 декември прифати Гриндеану, 43-годишниот поранешен заменик на градоначалникот на Темишвар да биде назначен за мандатар.

Јоханис претходно го одби предогот на левичарската Социјалдемократска партија да ја именува Шајде за мандатар за состав на нова влада.

Доколку Шајде беше избрана на таа функиција таа ќе беше првата жена премиер и првата муслиманка на таа позиција во Романија.

Клаус бил против номинацијата на Шајде поради поддршката, што нејзиниот сопруг, кој е родум од Сирија, ја изразил на сирискиот претседател Башар ал Асад на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top