ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција побара од градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски итно да преземе конкретни мерки со цел намалување на загаденоста во Куманово. Во предизборната кампања СДСМ ветуваа мерки за намалување на загаденоста, а во Куманово каде што раководи СДСМ со години не се преземани никакви мерки.
-Во моментов Куманово е најзагадениот град во Република Македонија со концентрација на ПМ 10 честички од 220 mg/m3. Очигледно е дека градоначалникот и локалната самоуправа не прават ништо и не преземаат никакви мерки со цел намалување на загадувањето во нашиот град. Да беше спротивно, Куманово денеска немаше да биде лидер во загадување во нашата држава. Сведоци бевме дека СДСМ во изборната кампања ветуваше мерки со кои ќе ја намали загаденоста. Се поставува прашањето зошто во општина со која раководи СДСМ не се преземале овие мерки. Бараме од градоначалникот на општина Куманово, во најкраток можен рок да преземе конкретни мерки за итно намалување на загаденоста. Граѓаните на Куманово заслужуваат одговорна локална власт која сериозно ќе пристапи на решавање на ваквите реални и конкретни, истакнаа на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.