
Откако во септември Анџелина Џоли поднесе документи за развод по 10 годишна врска со Бред Пит, таа сега сака да ги прекине сите врски и што помалку да се гледа со нејзиниот поранеше партнер.
Актерката планирала да се пресели во Лондон за што помалку да го гледа Бред, но дури ниту тоа не и било доволно далеку, па се решила да се сели ни помалку ни повеќе туку во Камбоџа. Тоа е, како што изјавил дена нејзина преијателка, место кое најмалку ќе ја посетува на Бред.
Џоли има убави спомени од Камбоџа, па токму затоа се решила за оваа дестинација. Таа оттаму го посвои својот прв син Мадокс, а во истата држава го снимала и филмот „Лара Крофт: Томб Рајдер – Колевка на животот“. Во истата земја работела и на неколку проекти како амбасадорка на УНХЦР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


