| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал со рутинска победа над Кристал Палас ја почна новата 2017

giru

„Топчиите” со 2-0 го добија дуелот со градскиот ривал Кристал Палас во последниот натпревар од 19. коло во Премиерлигата. По оваа победа тие се вратија на третото место на табелата. Избраниците на Арсен Венгер стигнаа до рутинска победа од 2-0 за нови три бода.

Резултатот беше отворен во 17. минута со спектакуларниот гол на Жиру. Напаѓачот постигна „шкорпија“ погодок за 1-0. Победата ја осигура Ивоби во 56. минута, а во последните 20-тина минути од мечот фудбалерите на Арсенал пропуштија неколку прилики за да го завршат натпреварот со уште поголема гол разлика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top