| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва привлечете ја среќата и парите – вака влезет во 2017 година

1. Новогодишната вечера

Кога е во прашање празничната трпеза, според верувањата на некои култури, ако подготвувате јадење од месо, пожелно е тоа да биде од животни кои немаат крилја. Според одредени народни верувања, со тоа си обезбедувате мирот и спокојството да останат во вашата куќа, односно да не „одлетаат“ од вашата маса.

2. Работна година

Направете некоја симболична работа на првиот ден од новата година, иако е празник. Ако на пример, сте добиле роковник како подарок, запишете го датумот и неколку збора… задржете го вниманието, размислувајте за работата барем неколку минути тој ден. Според верувањата, овој чин симболизира дека во текот на наредната година ќе имате доволно работа и дека ќе работите со волја и задоволство.

3. Бакнежи за среќа

На полноќ задолжително споделете бакнежи со драгите личности. Тоа се смета за потврда дека во претстојната година вашата љубов и блискост ќе траат.

4. Односи со пријателите

Слично на обичајот кој важи за Божиќ, важно е и кој прв ќе влезе во вашиот дом, односно кој прв ќе ве посети на 1-ви јануари. Ова е важно бидејќи се смета дека таа личност значително влијае врз вашиот живот и тоа влијание ќе го има и во наредната година.

5. Црвено за среќа

Општопознатото правило вели дека во пресрет на новата година е добро да облечете нешто ново. За среќа во љубовта, се верува дека е добро да носите долна облека во црвена боја.

6. Постојат неколку верувања кои се однесуваат на она што може да го правите во текот на овие два дена:

Дури и ако не сте љубители на СМС-пораките, телефонирањата, праќањето мејлови… не пропуштајте да им ја честитате новата година на драгите личности, како и да одговорите на честитките. Со тоа симболично ги јакнете односите меѓу вас и го развивате чувството на топлина и пријателство.

На самиот почеток на годината, избегнете го позајмувањето пари. Симболиката е јасна – укажува на тоа дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно нема да имате доволно пари.

Ова верување сигурно не се поклопува со вашата досегашна практика, а тоа е дека на 1-ви јануари не би требало ништо да изнесувате од домот. Иако сите сакаме да разменуваме колачи и јадења кои сме ги подготвиле за новогодишната ноќ, сепак според ова верување тоа не треба да го правиме. Почестете ги сите ваши гости, тоа е секако добар знак, но при посетувањето на другите не носете ништо со вас. За тоа почекајте го 2-ри јануари.

Во некои култури перењето облека на 1-ви јануари е неприфатливо. Имено, се смета дека перењето на што било треба да се сведе на минимум, бидејќи може лошо да влијае на здравјето на домашните во наредната година.

Исто така, потрудете се да бидете внимателни и со садовите и општо со кршливите предмети, бидејќи кршењето на работите се смета за повикување несреќа.

7. Познати се и неколку вкоренети верувања кои се однесуваат на временските прилики во текот на тие два дена:

Ако тој ден дува јужен ветар, тоа е знак дека наредната година ќе биде добра и богата.

Ако дува северен ветар, тоа е знак дека целата година ќе биде студена и со лошо време.

Ако 1-ви јануари е ведар и сончев, без ветар, тоа е знак дека нè чека весела година.

8. За среќа со парите

Мал ритуал – во секој паричник кој го имате во куќата, ставете пари. Тоа е знак дека следната година ќе тече во благосостојба. За среќа со парите важи и верувањето дека добар знак е да влезете во новата година без долгови и неплатени сметки.

9. Раѓање

Бебињата родени на 1-ви јануари се сметаат за „деца на среќата“.

 

извор: кафепауза

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top