| четврток, 6 декември 2018 |

Симнување на фамилијарно проклетство: Ритуал кој секој треба да го знае

Фамилијарното проклетство е нешто најлошото што може да му се случи на едно семејство. Тоа обично е наследно, а се стекнува кога некој предок ќе изврши смртен грев, толку голем што мора целото негово потомство да пати за да се исплатат тие страшни гревови.
ПОНЕКОГАШ ОВИЕ „КАЗНУВАЊА“ ОДАТ ВО НЕДОГЛЕД, БЕСКОНЕЧНО, ЗАГЛАВЕНИ ОД ПОВТОРЛИВИ ГРЕШЕЊА.

Фамилијарното проклетство се одразува врз целото семејство или пошироката фамилија преку постојани кавги, неслога, болести на целото семејство или на некои од членовите. Многу е опасна бидејќи колку и да се изнамачил едниот, проклетството продолжува и врз неговите деца, внуци…

Понекогаш страдаат само женските, некогаш машките, а некогаш обата пола. Многу зависи од тежината на извршениот грев или гревови, каква болка и солзи предизвикале кај други невини суштества, луѓе или животни, неправди и дали за истите биле колнети и проколнувани.

ЗАШТИТЕТЕ ГО СВОЕТО СЕМЕЈСТВО И ПОТОМЦИТЕ, ТРАЈНО ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД НЕГАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА.

Ќе знаете дека станува збор за фамилијарно проклетство доколку слични симптоми имаат повеќе од двајца членови на семејството или доколку кавгите и несогласувањата помеѓу членовите на фамилијата траат подолго од еден месец.

Многу е чест случај ова проклетство да го влечете директно од вашите родители или баби и дедовци, но многу е можно корењата да се далечни, па дури сега да започнале да се покажуваат симптомите во вашата генерација.

Болестите се повторуваат со генерации, постојат пороци меѓу членовите на фамилијата, коцкање, дрога, алкохол… се само некои од симптомите.

КАКО ДА СЕ СИМНЕ ПРОКЛЕТСТВОТО? КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД НЕЧИСТИТЕ СИЛИ, НЕГАТИВНАТА ЕНЕРГИЈА И МАГИЈАТА ОКОЛУ ВАС?

Не е воопшто лесно, патот е макотрпен а вие треба да бидете истрајни. Треба да го направите следното:

Прво што треба да направите е да побарате свештено лице и детално да се исповедате – од детството до денешниот ден.

После ваквата детална исповед, треба да започнете секој месец да се исповедате или почесто доколку има потреба.

Мора да ја примите светата причест, но само со благослов на духовникот или свештеникот.

Во недела и на големи празници да одите во Црква на литургија.

Секое утро и секоја вечер да читате утрински и вечерни молитви и Псалмот за помош (побарајте од свештеното лице да ви помогне да се снабдите со соодветните молитви).

После прочитаните молитви напијте се малку света вода или нафора.

Да се постат сите поголеми постови, како и секоја среда и петок да се пости.

Куќата односно домот во кој живеете треба почесто да се свети и кади – еднаш месечно.

Со вода од манастир да се прска куќата секој ден, сите соби освен тоалетите.

Да палите кандило на Славската икона.

Секој ден треба да се прочита по една глава од Светото Евангелие (Новиот Завет) и една глава од Апостолите.

Да пронајдите сили и во вашето срце да им простите на сите кои вам ви згрешиле (или мислете дека ви згрешиле). За да се простат вашите гревови, односно на вашите предци, мора прво вие да им ги простите гревовите на другите луѓе.

 

 

извор: mnd.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top