| четврток, 6 декември 2018 |

Разузданост: СДСМ слави новогодишни прослави на сметка на општина Центар

Вечерни талети, костуми, богати трпези, жива музика… беше вчерашната глетка во луксузниот хотел „Александар Палас“ каде се собраа партиски функционери членови на општинската организација на СДСМ Центар, збогатена со присуството на Жерновски и неговиот тим, пишува порталот „Журнал.мк“. Поводот беше скапа новогодишна прослава, ни повеќе ни помалку, туку во хотелот со 5 звезди „Александар Палас“, а според непотврдени информации за сето ова плаќале Паркинзи на општина Центар предводена од Саша Богдановиќ, кој воедно е и прв човек на општинската организација на СДСМ во Центар.

centar-2

Дека станува збор за чисто партиска прослава говорат и статусите на „Фејсбук“ на членовите на општинската организација на СДСМ кои не го криеја задоволството што ја прославуваат новата година во елитниот хотел. „Победнички општински центар“, „Најдобра организација“ итн. беа дел од статусите на партиското членство на СДСМ, секако сето ова платено од граѓаните на општина Центар.

centar-3

Додека поголем број на општини во државата се откажаа од новогодишните прослави и решија средствата кои ќе беа потрошени за нивна организација да бидат наменети за хументирани цели, со што општината Центар не се согласи, со ваквата пракса и не ја откажа прославата, сега општинарите предводени од Жерновски покриваат партиска прослава на СДСМ.

centar-4

Останува непознато колку е платено за ваквата прослава и на колку болни ќе можеше да им се помогне со парите потрошени за вакви скапи прослави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top