Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски одигра одличнa полусезона во Палермо и брзо стана клучен играч на сицилијанците.
Нашиот напаѓач експресно се прилагоди на фудбалот на Апенините по трансферот од Интер Запрешиќ, во калчото даде седум гола и запиша две асистенции со што го привлече вниманието на јавноста во Италија, но и пошироко. Тој често добива комлименти за своите настапи, а последната дојде од поранешниот хрватски репрезнетативец и член на Интер, Милан, Монако и Динамо Загреб, Дарио Шимиќ кој смета дека нашиот ас е како легендарниот Пипо Инѕаги.
– Несторовски е позитивно изненадување во Палермо. Никој не го очекуваше тоа од него, дека така лесно ќе дава погодоци. На Иле му оди добро, ако мојот пријател Пипо не се налути, јас би го споредил Несторовски со Инѕаги, напаѓач кој добро се движи во казнениот простор и секогаш противниците се трудат добро да го чуваат, изјави Шимиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б
-
Несторовски е нашиот лидер, но ако немаме пари ќе морам да го жртвувам