| четврток, 6 декември 2018 |

По цела вечер пиење, тој постигна три гола

Football - Dynamo Kiev v Chelsea - UEFA Champions League Group Stage - Group G - NSK Olimpiyskyi Stadium, Kiev, Ukraine - 20/10/15 Chelsea's Eden Hazard Action Images via Reuters / John Sibley Livepic EDITORIAL USE ONLY. - RTS5C97

Во сезоната 2011-2012, Еден Азар важеше за една од најголемите млади ѕвезди, кога е во прашање европскиот фудбал. Белгискиот интернационалец беше моторот на францускиот прволигаш Лил, кој сезоната ја заврши на третата позиција, а неколку недели подоцна го реализираше и трансферот во редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Последниот натпревар во дресот на Лил го одигра со стил, а тогашниот негов соиграч, капитенот на Лил Рио Мавуба, откри неколку интересни детали врзани за тој натпревар.

– Немавме дозвола да излеземе во град пред одигрувањето на првенствените натпревари. Сепак, пред дуелот со Нанси знаевме дека веќе ја осигуравме третата позиција и Еден организираше дружба со сите фудбалери затоа што дуелот против Нанси беше последниот кој ќе го одиграше во дресот на Лил. Пиевме цела ноќ, а следното утро, кога тренерот Руди Гарсија влезе во собата на Еден, сфати дека фудбалерот нема спиено цела ноќ, откри Мавуба.

Сепак и покрај бруната ноќ и преголемата количина на алкохол, Лил забележа убедлива победа од 4-1, а Азар постигна хет-трик во првото полувреме, по што во 88 минута беше испратен со громогласен аплауз. Неколку недели подоцна, репрезентативецот на Белгија беше продаден на лондонскиот премиерлигаш Челзи за 38 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top