Еден Азар го очекува подолга пауза од фудбалските терени по повредата што асот на Челси ја заработи на денешниот тренинг на белгиската репрезентација. Тој незгодно згазнал и го изместил скочниот зглоб, по што веднаш го напуштил тренингот на „црвените ѓаволи“.
За жал, лекарските прегледи донеле лоша вест за крилниот офанзивец, бидејќи било утврдено дека станува збор за фрактура на зглобот.
Ова значи пауза од околу три месеци од терените, што значи дека Азар ќе ги пропушти подготовките на Челси во текот на летото, како и стартот на новата премиерлигашка сезона. Останува да се види како оваа повреда ќе влијае врз трансфер-плановите на Реал Мадрид, па дали „кралевите“ ќе ја продолжат офанзивата по Азар или ќе се насочат кон другите опции за засилување на нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.