Челси чекори според планот, освојувајќи ги трите бода на гости против Бурнемаут. Тимот на Антонио Конте славеше со 1-3 и повторно има седум бода предност на врвот на табелата во Премиер – лигата во однос на Тотенхем.
Лодонските „сини“ поведоа со автоголот на Смит во 17.минута, а три минути подоцна Еден азар зголеми на 0-2. Мала надеж за Бурнемаут беше голот на Џошуа Кинг пред самиот крај на првиот дел, но Маркос Алонсо со ефектен погодок од слободен удар за Челси во 68.минута, го постави конечниот резултат за сигурен триумф.
Во претходното коло Бурнемаут успеа да извлече бод на гостувањето кај Ливерпул, но се чини дека Челси е далеку подобар тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)