Американскиот кошаркар Квинси Милер конечно ќе се врати на паркетот и ќе дебитира за екипата на Макаби Тел Авив.
Кошаркарот пристигна како големо засилување во Израел, меѓутоа, го повреди коленото и паузираше неколку месеци. Неговото официјално деби тој ќе го има во Евролигата, каде Макаби во рамки на 15. коло ќе се соочи со Басконија.
Враќањето на Милер на терен се очекува да биде од голема помош за израелскиот великан, кој е во долниот дел на табелата и игра во променлива форма. Милер за време на летото во Макаби пристигна од Црвена Звезда, во „пакет“ со Мајк Цирбес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.