Кошаркарот на српскиот клуб Црвена Звезда, Квинси Милер, бил нападнат во еден ноќен клуб и му бил скршен заб. Напаѓачите избегале, а додека полицијата ги бара, неофицијално се наведува дека биле навивачи на клубот Партизан, „Алкатраз“.
Се се случило во тоалетот кога од зад грб бил удрен со шише по глава, но со брза реакција на кошаркарот била избегната сериозна повреда.
Според сведоци, до тепачката дошло откако Милер заведувал девојка на еден од напаѓачите, без да знае дека има момче.
Инцидентот нема последици по кошаркарот кој следното утро бил на тренинг. Клубот пак, не коментира ништо за инцидентот, останувајќи посветени на следните мечеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.