| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо со комбиниран состав на премиерата во Лигата на шампиони

Англискиот шампион Челси со „втор“ состав ќе го започне мечот од првото коло во Лигата на шампионите против Макаби Тел Авив.
Менаџерот на екипата Жозе Мурињо, одлучи да истрча на „Стенфорд Бриџ“ без четворица свои стадардни првотимци. Жртви на лошите игри во Премиерлигата се Фалкао, Матиќ, Ивановиќ и Тери, кои ќе останат на клупата.
Освен овие играчи и Радамел Фалкао не е во комбинација поради повредата што ја има. Место нив, се очекува шанса да добијат Луак Реми, Рубин Лофтус-Чик и Баба Рахман. Нападот треба да го предводи Педро кој ќе дебитира за Челси во Лигата на шампионите, но не се знае кој ќе му прави друштво.
Ваквиот потег англиските медиуми го протолкуваа како „казна“ за првотимците кои играат многу слабо во домашниот шампионат, но меѓудругото тоа е и обид на Мурињо да ги одмори пред дерби дуелот до шестото коло против Арсенал на домашен терен, што се игра в сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top