| четврток, 6 декември 2018 |

Рајкард: Имам други приоритети во животот, фудбалот го оставам на страна

frank-rajkard

Некогашниот европски првак со холандската фудбалска репрезентација и со Милан и европски шампион со Барселона, Франк Рајкард ја прекина и веројатно ја заврши тренерската кариера. Холанѓанецот реши да се посвети на семејството и веќе неколку години ги одбива сите понуди кои пристигнуваат на негива адреса.

– Поставив други приоритети во животот, а тие не се поврзани со фудбалот. Сакам секој ден да го гледам растењето на моите деца. Можеби повторно ќе се вратам во фудбалот, но не во наскоро време – порача Рајкард.

Рајкард покрај успесите со Барселона, беше селектор на Саудиска Арабија и Холандија, а ги водеше и Галатасарај и Спарта Ротердам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top