| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски: Заев треба да престане да лаже

По изборниот пораз на СДСМ по сето силување на државата и фабрикување на изборите не престануваат прозивките од опозиционерите партискиот лидер да си остане на зборот и да се повлече од партијата.

-Заев не треба да си даде оставка. Заев треба само да престане да лаже, да дава популистички и нереални ветувања, да се обврзува на збор, кога до зборот не држи. Толку, инаку игнорирањето на оставката е сосема во линија со карактерот- оцени пред малку Ивор Мицковски, жесток критикувач на власта но и на раководството на СДСМ.

ivor

Секако, и оваа негова оценка за карактерот на Зоран Заев не минува без навреди од заевистите во одбрана на лидерот, но има и такви кои веќе лицитираат со нови имиња кои би можеле да ја преземат партијата.

-Не може такво нешто, оставката е смешка, он дури и може да ја изглуми, па партијата да го моли да се врати.  Тоа не е партија, тоа е струмичка кооперација- заклучува Мицковски.

komentar-1

Заев пред изборите самиот најави целосно повлекување од политичката сцена доколку ги загуби изборите и само со еден глас, заради што со денови негови сопартијци и поддржувачи на опозицијата бараат негова одговорност.

Но, наместо да поднесе оставка во СДСМ, Заев дури и поплука по оставката на градоначалничката функција, кога пред општинските советници најавуваше дека си дава оставка бидејќи ќе оди на друга функција, алудирајќи на премиерската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top