| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Енрике најплатен, европскиот и светски шампион Зидан дури на деветтото место

FC Barcelona v Real Madrid - La Liga

Француски “Л’Екип“ ја објави листата на најплатени тренери во светот, на која на врвот е Луси Енрике.

Шпанецот на клупата на Барселона има месечна бруто-плата од 1,56 милиони евра, а втор на листата е Пеп Гвардиола, кој заработува „само“ 80.000 помалку.

На третото место на листата, со 1,36 милиони евра, е Жозе Мурињо, додека тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти, месечно за својата работа добива еден милион евра.

Изненадувачки Зинедин Зидан, пак, иако е европски и светски клупски шампион, заработува само 500.000 евра, помалку дури еден милион евра од Луис Енрике, што го сместува на деветтото место на листата. Пред Зидан се и Арсен Венгер (820.000 евра), Диего Симеоне (770.000), Јирген Клоп (692.000) и Антонио Конте (641.000), а на десеттото место е Унаи Емери со 420.000 бруто-плата месечна во која се вклучени и даночните обврски кон државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top