| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона го најде наследникот на Енрике, се чека само официјална потврда

valverde i enrike

Луис Енрике ги живее последните денови како тренер на Барселона, односно за него до крајот на актулениот договор му остануваат само уште два натпревари, против Еибар во Примера и финалето на Копа Дел Реј против Алавес.

Тој оваа своја одлука веќе одамна ја соопшти, а каталонците се чини веќе пресекоа кој ќе го наследи. Имено според каталонското радио „РАЦ 1“ нов предводник на клубот од „Камп Ноу“ ќе биде 53 годишниот Ернесто Валверде.

Валверде е поранешен играч на шпанскиот великан и добро ги познава состојбите во тимот, но и во Примера. Наводно со него е договорена двегодишна соработка во која ќе треба да ја потврди својата добра репутација и да ја врати Барселона на посакуваните стази како во домашните натпреварувања, така и во ЛШ.

Валверде во моментов е се уште под договор со Билбао, ама истиот му завршува по крајот на оваа сезона. Во неговата тренерска кариера бил дел уште од Еспањол, Олимпијакос, Валенсија и Вилјареал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top