Барселона и Реал Мадрид се во неизвесна трка за шампионската титула во Примера, а „кралевите“ имаат одиграно еден меч помалку, што им дава голема предност пред последното коло од шампионатот. Двата гитанти се израмнети на врвот на табелата со по 87 бода, но на Барселона и преостанува само уште еден натпревар дома против Еибар, додека Реал Мадрид в среда ќе и гостува на Селта во Виго во заостанат меч, а потоа ќе има и уште едно гостување против Малага во последното коло. Со триумф и реми, „кралевите“ би биле шампиони.
Сепак, тренерот на Барселона, Луис Енрике, се надева дека Реал Мадрид може да доживее еден пораз на претстојите две гостувања.
– Ние нашата работа ќе ја завршиме, и потоа ќе чекаме кикс на Реал Мадрид. Да, секако, тие можат да загубат, имаат тешки гостувања. И ние таму губевме бодови – изјави Луис Енрике по синоќешниот триумф (1-4) над Лас Палмас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.