| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Рицоли на финалето на „Вембли“

УЕФА денеска го одреди главниот судија за финалето во Лигата на шамипони што ќе се игра на 25 мај на стадионот  „Вембли“ во Лондон.

Мечот меѓу Баерн и Борисија ќе го суди италијанскиот арбитар Никола Рицоли.

Ова е негов петти меч оваа сезона во најсилното натпреварување и 25. во неговата досегашна кариера како судија со знакот на УЕФА.

Негови помошници ќе бидат Ренато Фаверани и Андреа Стефани. Четврти судија ќе биде Словенецот Дамир Скомина, додека зад головите ќе стојат Џанлука Роки и Паоло Таљавенто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top