УЕФА денеска го одреди главниот судија за финалето во Лигата на шамипони што ќе се игра на 25 мај на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Мечот меѓу Баерн и Борисија ќе го суди италијанскиот арбитар Никола Рицоли.
Ова е негов петти меч оваа сезона во најсилното натпреварување и 25. во неговата досегашна кариера како судија со знакот на УЕФА.
Негови помошници ќе бидат Ренато Фаверани и Андреа Стефани. Четврти судија ќе биде Словенецот Дамир Скомина, додека зад головите ќе стојат Џанлука Роки и Паоло Таљавенто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.