| четврток, 6 декември 2018 |

Еден или тројца – Заев, Јовановски и Ивановски сѐ уште без договор

sdsmТројцата кандидати за лидери на СДСМ, Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски-Шема, сѐ уште се немаат договорено дали сите продолжуваат во трката или ќе се договорат само еден од нив да се бори за функцијата за која се кандидира и Кире Наумов.

Со ова повторно е поместен почетокот за официјално претставување на кандидатите за претседател на СДСМ, со цел намалување на бројот на кандидатури и меѓусебно договарање на останатите тројца кандидати со компатибилни програми.

Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, денеска го известил Кире Наумов дека консултациите не се завршени.

-Најдоцна до утре ќе се состане кандидационата комисија и воедно ќе се утврди и конечниот број кандидати за претседател на СДСМ. Со тоа уште еднаш се одлага и почетокот на претставувањето во согласност со роковникот донесен од страна на Централниот одбор на СДСМ. Неформалната средба на која ги повикав останатите кандидати ја одложувам по конечната одлука на кандидационата комисија – вели Наумов.

Партискиот конгрес е закажан за недела, 2 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top