Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон вчера во придружба на сопругот, принцот Вилијам, присуствуваше на миса по повод Божиќ.
Кралскиот пар на служба ги поведе и своите две мали деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, а со оглед на тоа дека долго ги немаше во јавноста, децата го украдоа вниманието на сите присутни, како и на фоторепортерите.
Бидејќи принцезата Шарлот е се уште мала, а во таа возраст децата брзо се менуваат, јавноста ја вчудоневиде сличноста која сега се гледа меѓу внуката и прабабата, кралицата Елизабета.Фотографиите тоа и го докажуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.